Шок за Уругвај: Без стоперот Хименез против Португалија!

Голем проблем има двојниот светски првак Уругвај во пресрет на осминафиналниот меч со Португалија, затоа што веќе извесно е дека ќе бидат без еден од клучните фудбалери во дефанзивата – Хосе Марија Хименез.

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, кој беше херој на Уругвајците со голот против Египет за воведната победа на Мундијалот во Русија го пропушти мечот со домаќинот вчера во послендото коло, ама нема да има време навреме да закрепне од повредата на бутниот мускул, објави „Дигитал Овасион“. Според информациите, Хименес има скинато мускулно влакно и прашање е дали ќе може да закрепне до крајот на Мундијалот.

Поради овој пех, Оскар Табарез ќе го стави Себастијан Коатес како партнер во последната линија на Диего Годин за осминафиналната пресметка и овој двоец ќе треба да го сопре најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо.