Селекторот на Шведска одлучи: Треба да разговараме со Ибра за СП

Селекторот на Шведска, Јан Андерсон негираше дека во составот на репрезентацијата за Светското првенство (СП) во Русија ќе биде Златан Ибрахимовиќ, кој во 2016. година се повлече од репрезентативниот дрес по Европското првенство во Франција, но не ја исклучи можноста, тој да се врати во составот, пишува „Дејлимејл“.

Ибрахимовиќ се прости од шведскот дрес пред две години, а тие без него ја елиминираа Италија во баражот и се пласираа на Мундијалот.

Швеѓанецот имаше проблеми со повреди, а неодамна од Манчестер јунајтед се пресели во Лос Анџелес галакси, каде што веднаш почна да постигнува голови, па најави можно враќање во селекцијата на Шведска.

Сепак, тренерот на Шведска кажа дека тоа прашање не е решено и ќе мора да разговараат повторно на таа тема.

„Златан претходно кажа дека нема да игра. И другите играчи кои се простија не се вклучени во плановите. По Европското првенство во Франција, Златан и уште неколку фудбалери кажаа дека нема да играат за репрезентацијата и јас тоа го почитувам. Не можам да го разберам тоа што го зборува Ибра. Сепак, вратата не е затворена и доколку сака, може да дојде да разговара“, кажа Андерсон.