Се случи и тоа: Нејмар постигна гол по 502 дена (ВИДЕО)

Бразилецот Нејмар неодамна се врати во Сантос, а изминатата вечер во победата од 3-1 против Агуа Санта го постигна својот прв гол по враќањето во бразилскиот клуб.

Нејмар погоди во второто полувреме од пенал кој успеа да го изнуди по неколку дриблинзи во шеснаесетникот.

Овој гол за Нејмар беше прв по пауза од 502 дена и перидот во саудискиот Ал Хилал каде што речиси и да не одигра ништо, но добиваше милиони од богатиот договор.