Се јави првиот човек на Ривер Плејт: Одложувањето е правилна одлука

Дуелот помеѓу Ривер Плејт и Бока Јуниорс е главна вест во светските спортски медиуми, по немилите сцени вчера пред „Ел Монументал“. Реванш финалето во Копа Либертадорес е одложено, а свој коментар за одлуката на КОНМЕБОЛ даде и претседателот на Ривер.

Родолфо Донорфио вели дека и тој не сакал натпреварот да се одигра во такви услови и ја подржа одлуката мечот да биде одложен.

„Секако дека сум разочаран од она што се случуваше. Не би сакал да победам на ваков начин, со оглед во каква психолошка состојба се наоѓаат фудбалерите на Бока Јуниорс. Не сакам да победувам така. Одлуката да се одложи дуелот е правилна“, вели првиот човек на Ривер.

Првиот натпревар на „Ла Бомбонера“ пред две недели заврши со резултат 2-2.