Русите на новата банкнота од 100 рубљи предвиделе дека Акинфеев ќе одбрани пенал!? (ФОТО)

Рускиот голман Игор Акинфеев вчера беше херој на „зборнаја“ со два одбранети пенали, по кои еден од фаворитите за титулата Шпанија ги заврши настапите на СП, а сега Русите тврдат дека нивната бакна предвидела дека голманот ќе одбрани пенал.

Акинфеев со нога го одбрани последниот удар на Јаго Аспас во петтата серија, по што беше јасно дека Русија оди во четвртфинале, а сликата како рускиот голман го брани пеналот, е речиси иста од сликата која се наоѓа на новата банкнота од 100 рубљи, која руската федерална банка ја пуштила во употреба пред Мундијалот во знак на најголемиот фудбалски фестивал.

„Секогаш добро сме знаеле да предвидиме“, напишаа руските банкари, откако на социјалните мрежи се појавија сличностите од одбраната на Акинфеев и сликата на банкнотата.