Роналдо вечерва загуби, но направи еден победнички потег! (ФОТО)

Кристијано Роналдо можеби е резултатски губитник во осминафиналето со Уругвај, но направи еден потег, кој го прави морален победник.

Неколку минути откако Единсон Кавани го постигна вториот свој гол, за водство на Уругвај од 2-1 против Португалците, тој се повреди. Имаше згрчена гримаса на лицето и очигледно беше во болка, а прво кој пријде да му помогне беше Роналдо. 

Му помогна да стане, а потоа во прегратка го проследи надвор од теренот. Наместо да се нервира затоа што ривалот одзема време, Роналдо беше трпелив и грижлив, издание во кое ретко го гледаме.