Роналдо намерно го промашил пеналот против Иран само за да постави - рекорд?!

Промашениот пенал на Кристијано Роналдо на вчерашниот меч на Португалија против Иран во последното коло од групната фаза од Мундијалот, кој скапо можеше да ја чини селекцијата од Пиринеите, и денеска е топ тема во медиумите каде што има анализи, коментари, но и сеири на сметка на ѕвездата на Реал Мадрид.

Најинтересен трол е дека Роналдо намерно го промашил пеналот за кој знае по кој пат да влезе во историјата на португалскиот фудбал.

„Роналдо намерно не го реализира ударот од белата точка само за да стане првиот Португалец кој промашил пенал во историјата на Мундијалите. Човекот едноставно ужива во поставувањето рекорди.

Секако ова ниту од далеку не би требало да не точно, ниту некој воопшто може да помисли дека во главата на Португалецот била токму оваа информација во моментите кога се упатувал кон топката. Сепак, познавајќи ја неговата егоцентричност, ниту најголемиот трол и сеир никогаш не може сто-отстотно да се отфрли како нешто невозможно.