„Рибарите“ уште сега се закануваат: Доведете го Меси, не му се плашиме!

Малиот Исланд ќе дебитира на лето на светската фудбалска карта како најмала држава која играла на еден Мундијал, а ждрепката сакаше „рибарите“ на дебити да ја добијат Аргентина, двојниот светски првак предводен од суперѕвездата Лионел Меси.

И без оглед што имаат страшен ривал Испланѓаните не се уплашени, дури и на шест месеци со стартот на фудбалскиот фестивал почнаа да се закануваат, па Јохан Берг Гудмунсон порача: Доведете ми го тој Меси!

Првиот меч на „рибарите“ е баш со Аргентина, со ѕвезди како Меси, Икарди, Ди Марија...

„Знам дека до стартот на СП има многу времи дека сите сега треба да сме концентрирани на своите клубови, но јас едвај го чекам почетокот на турнирот и тоа прво коло со Аргентина. Секако, Аргентина ќе биде фаворит, ние ќе се брание ме 95 отсто од времето, ама не им се плашиме. Ќе пробаме да ги изненадиме“, додал Гудмунсон.