Прими 22 гола на три натпревари, а е најдобар голман на СП до 17 години (ВИДЕО)

Денеска се играат последните натпревари од групната фаза на Светското првенство до 17 години, а статистиката открива еден интересен податок.

Имено, најдобро оценет голман на турнирот досега е чуварот на мрежата на Нова Каледонија, Николас Кутран, иако неговата репрезентација има дури 22 гола на само три натпревари. Неговата оценка изнесува 8.37 и до неа дојде така што одбрани 31 удар од кои дури 23 биле од шеснаесетникот.

На стартот од првенството одбрани девет удари во поразот од Португалија од 6-1, а потоа со осум одбрани беше најзаслужен што неговата селекција одигра сензационално реми со Јапонија 0-0.

Далеку најмногу работа имаше во натпреварот против Мароко во кој одбрани 14 удари и доби оценка од 8.0, но исто така во овој дуел прими и дури 16 гола бидејќи неговата селекција загуби со 16-0.

Така и покрај големиот број примени голови, ова момче можеби ќе го искористи Мундијалот и да направи голем чекор напред во својата кариера.