Поранешен македонски репрезентативец ќе биде тренер во Саудиска Арабија!
Според косовските медиуми, Рамадани го известил клубот Гилани дека заминува за Саудиска Арабија, ќе биде нов тренер на тимот Оход Ал Медина.
И покрај финансиската криза во Гилани, тој го однесе тимот до големото финале во Косовскиот Куп, но понуда од Саудиска Арабија деновиве тешко се одбива.
Рамадани како фудбалер има шест настапи за македонската фудбалска репрезентација. Најмногу од кариерата помина во Слога Југомагнат за која играше пет години и беше дел од шампионскиот тим на чаирскиот клуб.