Ова е најглупавиот фудбалер во историјата – направи пенал каков што не е виден досега (ВИДЕО)

Фудбалот е игра на знаење, вештина, размислување, емоции и пред се на концентрација, која често пати може да ја снема па на фудбалерот да му се случи му помине топката преку нога при шутирање, да испрати неправилно додавање, но тоа што се случи на крајот од мечот меѓу АБЦ и Марања во бразилскиот Нордесте куп е многу тешко да се објасни.

Домашниот тим бркаше негатива во судиското надополнување и кога се чинеше дека тоа нема да се случи, гостинскиот голман ја фати топката во неговите раце по што се случи нешто - незамисливо. Десниот бек на гостите, Јан Балдез, имаше желба да го пофали својот голман, но наместо да му честита со тапкање по глава, тој не еднаш, туку двапати ја удри топката која беше во рацете на чуварот на мрежата.

Ова дефинитивно е еден од најчудните пенали во историјата на фудбалот, а Прадо како да одговори на предизвикот: „Кажи ми дека имаш празна глава, без да ми кажеш дека имаш празна глава“. Поради неговиот глупав потег, Хавиер Парагез доби шанса да го израмни резултатот од белата точка, што и го стори, па тимот на Марањао остана без целиот плен.