Официјално: Судијата кој го навредуваше Ливерпул доби отказ

Фудбалскиот судија Дејвид Кут е отпушен од ПГМОЛ (Професионално тело на судии во Премиер лигата) и тоа значи и официјално повеќе нема да може да суди натпревари во најсилната англиска конкуренција.

Причината за отказ е видео снимката која беше објавена на социјалните мрежи минатиот месец и во кој Кут ги навредува Ливерпул и Јирген Клоп.

Кут сепак има и право на жалба на одлуката за отказ, но засега изгледа дека тешко би можел да ја промени ситуацијата.

Случајот со Кут посебно го истражува и Европската куќа на фудбалот (УЕФА).