Од Германија повикуваат на бојкот на СП, причината е - Трамп!
Оке Гетлич, кој е дел од федерацијата и прв човек на Ст. Паули смета дека треба да се бојкотира Мундијалот поради последните потези на американскиот претседател Доналд Трамп кој сака да го преземе Гренанд.
„Кои беа оправдувањата за бојкотот на олимписките игри во 80-тите? Според моја проценка, потенцијалната закана сега е поголема од тогаш. Мора да разговараме за тоа. Катар беше премногу политички за сите, а сега сме целосно аполитични? Тоа е нешто што навистина ме мачи. Како организација и општество, забораваме како да поставуваме табуа и граници и како да ги браниме вредностите. Табуата се суштински дел од нашиот став. Дали се крши табу кога некој се заканува? Дали се крши табу кога некој напаѓа? Кога луѓе умираат? Би сакал да знам од Доналд Трамп кога го достигнал своето табу, и би сакал да знам од Бернд Нојендорф (претседател на Германската фудбалска асоцијација) и Џани Инфантино (претседател на ФИФА)“, рече Гетлич.