Милан и Леао никако да се договорат за продолжување на соработката - има само еден проблем

Нема напредок во преговорите меѓу Рафаел Леао и Милан за продолжување на соработката, еден фактор создава разлика меѓу двете страни.

Договорот на Леао со Милан истекува во јуни 2024 година, росонерите посакуваат да го задржат и му нудат долгорочен договор со плата од околу 7 милиони евра по сезона.

Но, според „Газета дело Спорт“ двете страни не се ни блиску до договор, Леао ја одбил последната понуда на Милан. Проблемот настанува околу откупната клаузула.

23-годишниот фудбалер во сегашниот договор има откупна клаузула од 150 милиони евра, Леао сака во новиот договор таа да биде намалена на околу 70-80 милиони евра, Милан не го прифаќа тоа.

Росонерите би преферирале откупната клаузула да биде целосно избришана или да остане 150 милиони евра, но тоа не одговара на таборот на Леао.

Италијанските медиуми пишуваат дека последниот состанок меѓу Леао и Паоло Малдини бил тензичен.