Марадона заспа среде клучниот меч на Аргентина (ВИДЕО)

Аргентина води со 1-0 против Нигерија и се наоѓа на праг пред пласман во осминафинале на Светското првенство (СП) во Русија.

Лионел Меси погоди во 14. минута од средбата за важно водство на Аргентинците, а легендарниот Диего Марадона прослави на навистина луд начин.

Сепак, кратко потоа очигледно на Марадона му се здосади од натпреварот, па одлучи да дремне.