
Левандовски: Додека ги заспивав децата ми кажаа дека нема да бидам капитен
Голгетерот на Барселона порача и дека нема да се враќа во селекцијата додека не се промени селекторот кој преку телефон го известил дека повеќе нема да биде капитен. Токму таквиот начин на соопштување на одлуката најмногу го погодил Левандовски.
„Додека јас ги заспивав децата, Михал Пробјеж ми се јави за да ме информира дека ќе останам без капитенската лента. Ме изненади, не бев подготвен за нешто такво. Разговорот траеше неколку минути, немав време ниту да го известам семејството, ниту пак да разговарам со некого за тоа што се случува, бидејќи само неколку моменти подоцна, се појави соопштение на официјалната веб страна на ФФП. Начинот на кои ме информираа беше целосен шок“.
„Не сум капитен година или две, ја носам капитенската лента 11 години и 17 години сум репрезентативе и мораше да постои друг начин.Тренерот ме предаде. Многу сум повреден, не се работи за одлуката да останам без капитенската лента, туку начинот на кој ми беше сето ова соопштено“, објасни Левандовски.