Караница меѓу Салах и управата на Египет – му „виси“ настапот на Мундијалот!?

Медиумот „ЕСПН“ пишува дека Фудбалскиот сојуз на Египет неодамна влезе во голем проблем со првата ѕвезда на репрезентацијата Мохамед Салах зашто го користеле неговиот лик во реклама на мобилен оператор, кој е конкуренција на операторот, кој лично го спонзорира Египќанецот.

Сојузот го прекршил користењето на ликот на Салах, и тоа без негово знаење, па сега агентот на фудбалерот, Рами Абас кажа дека тоа е кршење на правата на фудбалерот и може да има сериозни последици.

„Имаме многу сериозни проблеми со Фудбалскиот сојуз на Египет. Секоја недозволена употреба на авторските права мора да биде казнета. На маса се сите опции“, напиша Абас на својот Твитер, а Салах застана во негова одбрана.

„ЕСПН“ пишува дека проблемот може да предизвика Салах да се откаже од настап на Светското првенство, а иако тоа не е за верување, сепак, претходно предупреди на иста работа и легендарниот напаѓач Мидо.

„Проблемот меѓу Салах и Фудбалскиот сојуз мора да се реши на многу интелигентен начин, но мора да се земе во предвид дека е прекршен законот. Временскиот период на овој проблем е многу незгоден. Многу ми е жал за претседателот на сојузот Абу Рида и тренерот Хектор Купер, зашто ваков проблем може да уништи било која репрезентација“, кажа Мидо.