Каква мајсторија: Фудбалер на Брентфорд даде шмекерски гол! (ВИДЕО)

Брентфорд на гости против Лидс води со 1-0, а стрелец на голот беше Кевин Шаде пред крајот на првото полувреме.

Се играше 41. минута кога Германецот со вистинска мајсторија успеа да ја смести топката во мрежата и да го доведе својот тим во водство.

Нема дилеми дека овој погодок ќе биде еден од најубавите во сезоната, иако сме само на почетокот.