Иранци му пречеле на Роналдо под прозор во хотелот, а тој генијално им одговори! (ВИДЕО)

Португалија вечерва (20.00) игра против Иран, во последното коло од групната фаза, а иако се аутсајдери Иранците не се откажуваат од нивните шанси за пласман во осминафиналето.

За да се оствари тоа мора да се запре Роналдо или на терен или надвор од него. Затоа група Иранци решила да му пречи на Роналдо ноќта пред натпреварот. Нашле во која соба е сместен и кој е неговиот прозорец, па правеле врева за да не може да спие и да не биде свеж.

Арно ама, Португалецот одговорил на генијален начин. Излегол до прозорецот и со пантомима им порачал дека време е за спиење и дека треба да си одат. Не знаеме дали ова профункционирало, ама Роналдо уште еднаш покажа дека е оригинален.

Португалија има четири бода, колку и Шпанија, а Иран е зад нив со три, чекајќи сензација.