Иниеста: Јас и Чави во тандем - не звучи лошо

Поранешниот шпански репрезентативец, Андрес Иниеста, својот одмор го поминува во Барселона пред новата сезона во Јапонија со неговиот тим Висел Кобе.

Триесет и петгодишниот играч од средниот ред не ја исклучува можноста да се врати во тимот на Барселона, но како тренер.

Тренерски тандем Чави – Иниеста не звучи лошо, но за момент не е можно. Не сум кажал дека сакам да водам тим, но како одминува времето, се замислувам се повеќе и повеќе како тренер. Навистина се чувствувам добро, амбициозно и инспирирано. Се забавував минатата година и мислам дека треба да одам од година во година. Продолжувам да имам желба да тренирам, да играм, мотивацијата не ме напуштила, истакна Иниеста во интервју за „Ел Партидазо де Коп“.

Инаку, Барселона пред неколку дена го отпушти Ернесто Валверде и на негово место го назначи Кике Сетиен.