
Инфантино тргна да собира гласови за трет мандат – цела Азија застана зад него!
Инфантино во Париз во 2019 година доби втор мандат на Конгресот со мнозинство на гласови во трката, а сега веќе обезбеди повеќе од третина од гласовите кои му се потребни за да победи во трката ако има противкандидат. Во ФИФА членки се нешто над 210 федерации и првиот човек кој зад себе ја има цела Азија направи прв голем чекор кон освојување на престолот по трет пат.
Нема да биде изненадување ако и Африка комплетно уште сега му даде поддршка, а Инфантино веќе работи со Африканците на структурни реформи меѓу кои и создавање на Суперлига со најдобрите африкански клубови и најави уште од лани преку една милијарда евра инвестиции од ФИФА за „црниот континент“ за развој на фудбалот.
„АФЦ и азискиот фудбал застануваат зад кандидатурата на претседателот Инфантино за негов реизбор и може да биде сигурен дека сите ние обединети сме зад него. Во најтешкиот период Инфантино беше инспиративен лидер, како за Азија, така и за светскиот фудбал и затоа ја има нашата комплетна поддршка“, објавија од азиската федерација.
Инфантино во оваа година го воведе и Арапскиот куп како натпреварување во Азија.