
Гвардиола: Некогаш и самиот се изненадувам од одлуките кои ги носаам
Сити поведе уште во деветтата минута, но не успеа да ја задржи предноста до крајот бидејќи Мартинели во самата завршница погоди за 1-1.
„Разочаран сум од резултатот. Одигравме одлично, иако зад нас е тежок и напорен период. Не е лесно да се игра во ваков ритам, сепаак и противникот прикажа добра игра, па ремито можеби е реален и фер исход“, изјави Шпанецот.
Додаде Пеп и дека неговиот тим е во фаза на транзиција и дека има уште многу простор за напредок.
„Оваа екипа мора да созрева. Имаме многу нови фудбалери, меѓу кои и голманот . Никогаш досега не сме имале помлада екипа. Ќе одиме чекор по чекор“, додаде Гвардиола.
Новинарите го запрашаа и зошто повторно се одлучи за истиот стартен состав од претходниот натпревар.
„Се разбудив вчера и си кажав, ќе играат истите фудбалери.. Понекогаш дури и сам себе се изненадувам од одредени одлуки коги ги носам. Стареам, пријатели мои“, заврши Пеп со насмевка.
Фото: Manchesster City/FB