Гром уби фудбалер во Индонезија и тоа - среде меч (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Огромна трагедија се случи во Индонезија, каде што за време на натпреварот помеѓу локалните тимови Бандунг и Субанг од удар од гром загина фудбалерот Септиан Рахарја.

Од силината на ударот настрадаа уште двајца негови соиграчи, кои паднале на тревата. Рахарја имал 34 години, локалните медиуми објавија дека давал знаци на живот по ударот на гром, но дека починал набргу откако бил пренесен во болница.

Ова е вторпат гром да удри во фудбалер во Индонезија, откако тоа му се случи на млад фудбалер од Источна Јава на натпревар помеѓу екипи до 13 години. Тој, за разлика од несреќниот Рахарја, ја преживеа несреќата.