Фудбалер пронајден мртов на паркинг

Фудбалерот на корејскиот тим ФК Сеул, Ким Нам-чун е пронајден мртов на паркинг крај зграда во Сеул, Јужна Кореја. 

Локалната полиција соопшти дека не се пронајдени траги на насилство и се сомнева дека 31-годишниот фудбалер извршил самоубиство. Ким целата своја кариера ја мина во дресот на ФК Сеул, освен една сезона додека го отслужуваше воениот рок.

За првиот тим на Сеул дебитирал во 2013 година, а изминатата сезона беше еден од најстандардните со 22 настапи.