ФИФА го објави идеалниот тим на СП 2026 (ФОТО)

Светската фудбалска федерација (ФИФА) по завршување на Светското првенство (СП) го објави идеталниот тим во кој има неколку интересни изненадување.

На голот е чуварот на мрежата на Зеленортските Острови, Возиња, кој импресионира на Мундијалот со неговите одбрани.

Одбраната е составена од Педро Поро од Шпанија, Лисандро Мартинез од Аргентина, Дајот Упамекано од Франција и Марк Кукуреља од Шпанија.

Во средниот ред се Родри, Мајкл Олисе и Џуд Белингам, додека нападот е составен од Лионел Меси, Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе.

Интересно е тоа што во изборот немаше место за ѕвезди како Ламин Јамал, Феран Торес и Дани Олмо, кои имаа важна улога во освојувањето на трофејот.