Енцо нема да притиска за трансфер во Челси, но за возврат бара бонус за лојалност

Медиумите од Португалија пренесуваат дека Енцо Фернандез решил да не притиска за трансфер во Челси до крајот на месецот, Аргентинецот за возврат од Бенфика барa бонус за лојалност од околу 2 милиони евра.

На почетокот од годинава се веруваше дека трансферот на Енцо Фернандез во Челси е завршена работа, но „сините“ се повлекоа од преговорите.

Клубот од „Стемфорд Бриџ“ сепак сега реши одново да го обнови интересот и да се обиде да го донесе Аргентинецот во своите редови до крајот на месецот.

Кога ја доби првата понуда, Енцо Фернандез почна да прави проблеми со цел да изнуди трансфер. Но како што пишува Рекорд, фудбалерот сега нема да форсира трансфер и ќе се однесува примерно.

Поради тоа што ќе остане до крајот на сезоната, Аргентинецот бара бонус за лојалност во износ од 2 милиони евра.