Баерн Минхен повторно ќе купува од конкурент во Бундеслигата
Се работи за офанзивниот фудбалер на Борусија Менхенгладбах, Маркус Турам кој настапува и за француската репрезентација.
Турам кој игра одлично во дресот на Борусија Менхенгладбах, следното лето ќе биде слободен фудбалер, а тоа го прави атрактивен за останатите.
Според „Л'Екип“, Баерн Минхен е силно заинтересиран за Турам, но тој е на радарот и на други екипи, Интер и Астон Вила се споменуваат исто така како негови можни идни дестинации.