Англија може да здивне - повредата на Кејн не е сериозна

Деталниот скен покажа дека повредата на зглобот на Хари Кејн не е сериозна и тој ќе биде подготвен за мечот со САД.

Во второто полувреме на мечот со Иран, Хари Кејн доби удар во зглобот и во болка го напушти теренот. Англичаните стравуваа дека може да се работи за нешто посериозно и да го загубат првиот напаѓач.
 
Врз Кејн беа направени детални прегледи со цел да се утврди за што станува збор. Последните информации велат дека напаѓачот на Тотнем е комплетно фит, се работело само за моментална болка од ударот кој го добил.
 
Следниот меч на Англија е утре, против САД со почеток од 20 часот. Хари Кејн ќе биде во комбинација за настап.