Андоновски со триумф дебитираше на кормилото на САД (ВИДЕО)

Македонскиот тренер Влатко Андоновски пред повеќе од една недела седна на кормилото на најтрофејната фудбалска селекција во женскиот фудбал, откако ја наследи Џил Елис на кормилото на САД, а ноќеска на првиот меч против Шведска успеа веднаш да запише триумф од 3-2.

Машинеријата на САД под водство на Андоновски почна фантастично на мечот, па по само шест минути поведе со 1-0 преку Лојд, додека до 31. минута водството порасна на 3-0, откако погодија Прес и Лојд повторно.

На стартот на второто полувреме беа извршени неколку замени од страна на селекторот, како потоа и од шведската репрезентација, која во 75. минута искористи една шанса и намали на 1-3. Додека Американките се соземат, Шведска повторно нападна и намали на 2-3 во 79. минута.

Репрезентацијата на Андоновски се освести веднаш по вториот гол на нивните противнички, па Лојд доби пенал, преку кој можеше да постигне хет-трик, но не успеа да ја искорист дадената шанса, па американските фудбалерки на крајот славеа со 3-2 во пријателскиот меч.