Тричковски награден за добрите игри со место во тимот на сезоната на Кипар!

Македонскиот фудбалски интернационалец, Иван Тричковски, кој во 2020 година се откажа од настап за националната селекција, доби уште една потврда за одличните игри во дресот на АЕК Ларнака, откако беше избран во тимот на сезоната на Кипар.

Тој сезонава на 27 средби постигна 14 голови, со што се доближи до бројката од сто погодоци во дресот на кипарскиот тим за кој настапува од 2016 година.

Тричковски досега 97 пати ја затресе противничката мрежа настапувајќи на 167 средби за АЕЛ Ларнака.