Шок на „Максимир“: Адеми го напушта Динамо за да заработи – многу пари!

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Аријан Адеми, најверојатно во многу брзо време ќе си замине од тимот на Динамо Загреб и кариерата ќе ја продолжи во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), каде што би заработувал многу повеќе пари од тоа што инкасира на „Максимир“.

Оваа информација утринава ја пренесуваат хрватските медиуми, според кои капитенот на „модрите“ наскоро ќе стане нов член на екипата на Ал Насри, на чија клупа седи хрватскиот стратег Крунослав Јурчиќ. Управата на Динамо, наводно, немала да му прави проблеми, па сега останува да се види дали двата клуба ќе се договорат околу отштетата.

Адеми во моментов е повреден и на подготовките во Ровињ не одработел ниту еден тренинг со екипата, туку работел самостојно во сала за кревање товар. Тој досега има одиграно 252 средби во дресот на загрепчани и постигнал 22 гола.