Менаџерот ја смирува ситуацијата: Барди ја сака(л) само Македонија!

Откако изјави на младиот македонски репрезентативец за албанските медиуми дека „сите Албанци во Македонија сакаат да играат за Албанија“ предизвикаа бура од реакции, менаџерот на фудбалерот на Леванте, Меритон Бериша за „Спорт Експрес“ реши да ја смири ситуацијата околу тие изјави.

Според Бериша, Барди ја сака само Македонија и дека целата вистина за фудбалерот од средниот ред не е целосно позната.

„Вистината за Енис Барди, како и за многу талентирани Албанци во Македонија е дека никој не се заинтересирал повеќе за да бидат поблиску до Албанија. Ова е реалност и фудбалерите тешко може да стигнат до албанскиот национален тим. Сега, Барди игра за Македонија и навивачите навистина го сакаат. Тие не заборавија што тој направи за младата репрезентација. Имаше незгодна повреда, но се жртвуваше, играше под инјекции и ризикуваше многу. Играше, даде гол, Македонија отиде на Европско, па Барди играше од љубов за Македонија“, вело Бериша.

Тој додава дека никој од Албанија не бил заинтересиран за Барди и дека тоа е единствената вистина, иако албанските медиуми по мечот Македонија – Албанија потенцираа дека Барди имал контакти со поранешниот селектор Џани Де Бјази.

„Никогаш немало контакт на Реди Јупи со Барди. Јас бев тој кој се обиде да контактира со Јупи, го знаев од времето кога играше во Динамо. Во ноември 2013 на социјалните мрежи му пишав, да го проба Барди додека фудбалерот беше дел од младинскиот погон на Брондби и сè уште не беше дел од младата македонска репрезентација. Не добив одговор од него, никаков одговор. Што е најлошо, ме избриша да не можам повторно да му пишувам“, додава Бериша.

Менаџерот на Барди потенцира дека Албанците нормално е да сакаат да играат за Албанија, но дека игнорантскиот однос на федерацијата едноставно ги брка од дресот на западниот сосед.

„Барди не е единствен случај, има многу фудбалери кои нестрпливо чекале понуда, повик, а добиле – ништо. Тие го губат трпението со федерацијата на Албанија, а сите тие играчи подобро се третирани од Македонија. Македонија ја цени нивната вредност, селекторот на младата селекција (Благоја Милевски – н.з.) ги третира како дома, не прави разлика дали се Албанци или Македонци. Секој Албанец сака да игра за Албанија, ама федерацијата не прави ништо, па тие се разочарани и играат за Македонија. Можеби на Албанците во Швајцарија на пример им е тешко да ја изберат Албанија, но на сите тие на Балканот со нетрпение чекаат повик и се е залудно“, додава Бериша.