Македонски репрезентативец влезе во исто друштво со имиња како Пике, Васкез... (ФОТО)

Голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски, првпат во кариерата се најде во идеалниот на шпанската Ла Лига, откако беше најзаслужен за триумфот на неговиот Рајо Ваљекано во пресметката со Еибар.

Овие три бода се исклучително важни во борбата за опстанок на екипата на Македонецот, кој во Рајо настапува на позајмица од Гимнастик Тарагона, што беше и причина што се најде во меѓу најдобрите единаестмина во еден од најквалитетните шампионати во Европа.

Рајо во моментов и понатаму е во опасната зона за испаѓање на 19 позиција со 10 бодови, четири помалку зад засега безбедниот Виљареал, а во следното коло на 9. декември ќе му гостува на Бетис.

Идеалниот тим на 14. коло во Ла Лига: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано), Алекс Морено (Рајо Ваљекано), Жуниор (Бетис), Жерар Пике (Барселона), Чема (Леванте), Виторино Антунес (Хетафе), Лукас Вазкез (Реал Мадрид), Хозе Кампања (Леванте), Оскар Родригез (Легањес), Јаго Аспас (Селта Виго), Гвидо Кариљо (Легањес).