Македонската фудбалска репрезентација го одржа последниот тренинг пред утрешниот клучен евроквалификациски меч со Словенија на Националната Арена „Тодор Проески“ (20.45 часот).

Расположени и полни со мотиви репрезентативците денеска ги разработија најситните детали околу тактиката за утрешниот меч на кој црвено-жолтите и покрај низата проблеми со повредени (Барди и Велковски) и суспендирани (Бејтулаи) ќе мора да ја победат Словенија за да остант во трката за пласман на Евро 2020.

Македонија и Словенија во Љубљана ремизираа 1-1 во март годинава на почетокот на евроквалификациите, а црвено-жолтите посакуваат да ја продолжат традицијата на домашен терен и да ја запишат третата победа, највредна во пресметките со „змајчеките“ после историскиот прв триумф во Крањ во 1993 година.