Втор Македонец по Пандев: Калчо-пехарот конечно во рацете на Елмас! (ФОТО)

Јасно беше дека Наполи е нов шампион на Италија уште пред неколку недели, но тоа не одзеде од свеченоста на моментот на доделувањето на пехарот. Капитенот Џовани Ди Лоренцо го крена, како што е редот, а потоа во своите раце го пречека и нашиот Елиф Елмас.

Стана само вториот Македонец со скапоценото парче метал од италијанската Серија А, по Горан Пандев во 2010 година, во дресот на Интер. Иако не беше стандарден првотимец и само 13 пати беше стартер, сепак Елмас беше дел од 35 натпревари од 38-те на Наполи оваа сезона.

Постигна шест гола и на нив додаде уште три асистенции, како свој придонес во третиот клупски трофеј во историјата, прв по 1990 година. Ова е негов втор трофеј со Наполи, откако во 2020 година го крена и пехарот во Купот на Италија. И додека се изедначи со Пандев во Серија А, со по една титула, во Копа „Гранде Пандев“ има дури пет.