Возбудливо на „Олимпико“: Болоња од Лацио извлече реми и опстанок во Серија А (ВИДЕО)

Болоња стигна до реми 3-3 на гости кај Лацио во претпоследното коло од Серија А и математички избори опстанок во елитата. 

Натпреварот имаше два пресврти. Најпрво поведе Лацио, па Болоња направи пресврт. Домашните израмнија, но кратко потоа гостите уште еднаш поведоа. Бодот за римскиот тим го донесе Сергеј Милинковиќ-Савиќ во финишот од натпреварот.