Веќе нема дилеми, Мбапе кажа: Заминувам! (ВИДЕО)

Килијан Мбапе објави видео за збогум од ПСЖ и од навивачите на клубот, кажа дека дефинитивно нема да го продолжи договорот и ќе почне нова авантура.

Мбапе со специјално видео го соопшти она за кое одамна се пишува, францускиот играч заминува од ПСЖ.

Тој им се заблагодари на сите во клубот, тренерите, спортските директори, сите кои работеле во изминатите седум години колку што е таму.

Кажа дека во недела за последен пат ќе игра на „Паркот на Принцовите“. Рече дека со тешко срце го напушта клубот, но смета дека е време за нешто ново.

Наскоро се очекува да биде соопштено дека неговиот следен клуб ќе биде Реал Мадрид.