Ваква прецизност поседуваат Меси и - нашиот Барди (ФОТО)

Дека е вистински мајстор за слободни удари повтори уште еднаш, вчеравечер кога голманот на Реал Сосиедад беше гледач повеќе во финишто од средбата во моментите додека шутот на Енис Барди ја собра пајажината од неговиот гол.

А, за да се долови перфекцијата уште подобро, некој од шпанските фотографи извади феноменална фотографија која до детал ја долувува велемајсторијата на Барди, кој сега му е вистински конкурент на Меси кога станува збор за ефектни голови од слободен удар.  Македонскиот репрезентативец стави точка во победата од 3-0 над Сосиедад, а оваа фотографија сигурно ќе влезе во потесни избор за најспортска фотографија во Шпанија.