Уште една легенда заминува од Баерн Минхен поради конфликтот на Флик и Салихамиџиќ

Караницата меѓу Ханси Флик и Хасан Салихамиџиќ во Баерн Минхен направи вистински земјотрес, поради што летово ќе следат големи промени во екипата.

Флик реши на крајот на сезоната да си замине од клубот, а на негово место ќе пристигне одличниот Хулен Нагелсман, кој во претходните години работеше во Хофенхајм и Лајпциг.

По заминувањето на Флик, прв кој најави дека ќе го напушти тимот беше Мирослав Клосе, а нив двајца ќе ги следи и 66-годишниот Херман Герланд, кој стана легенда на баварскиот гигант.

Герланд е член на стручниот штаб од пристигнувањето на Луј Ван Гал, а тој е најзаслужен и за промоција на неколку фудбалери од младинскиот погон во првиот тим, како што се Лам, Швајнштајгер, Алаба и Милер.