Трансферот на Ромеро во Тотнем е завршена работа

Кристијан Ромеро наскоро и официјално ќе биде промовиран во нов фудбалер на Тотнем, откако Аталанта ја прифати последната понуда од 50 милиони евра обештетување плус дополнителни пет милиони во бонуси.

 

Стоперот уште пред неколку денови ги договорил личните услови со лондонскиот премиерлигаш. Ромеро вчера имал состанок со тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини и му соопштил дека неговата желба е кариерата да ја продолжи во Премиерлигата.

Аталанта иако прво не сакаше да го продава одличниот дефанзивец, на крајот ја прифати понудата од 55 милиони евра обештетување. Ромеро ќе потпише петгодишен договор со Спарс.