Тотнем на пенали го елиминираше Челси од Лига Купот (ВИДЕО)

Тотнем избори пласман во следното коло на Лига Купот, откако на пенали го елиминираше Челси.

Гостите постигнаа гол за водство во 19. минута од мечот, но Ерик Ламела во 83. минута израмни на 1-1, по што во пенал-рулетот подобри беа домаќините.

Трагичар за Челси беше Мејсон Маунт, кој го промаши последниот пенал за „сините“.