Судијата ги оштети „црвените“: Стоук го сопре Ливерпул! (ВИДЕО)

Ливерпул во рамки на 36. коло од Премиерлигата ја пречека екипата на Стоук, но не успеа да ја победи на „Енфилд“ и конечниот резултат беше 0-0.

Јирген Клоп мораше да игра со различен состав поради неколку повреди, но исто така, сакаше да ги одмори играчите за дуелот против Рома.

Домаќините може да стигнат до водство во шестата минута кога Мохамед Салах излезе „еден на еден“ со голманот, но Египќанецот го промаши цел гол.

Ливерпул преку Дени Ингс ја затресе противничката мрежа, но голот беше поништен поради офсајд.

Во вториот 45. минути, немаше големи шанси до самиот финиш. А можеби моментот, кој го реши мечот беше во 87. минута, кога главниот судија не досуди пенал за „црвените“, откако топката го погоди Пјетерс во раката.