Солшер: Погба нема да има проблеми со навивачите на Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солшер, не верува дека навивачите ќе изразат незадоволство кон Пол Погба по враќањето на тимот во Англија.

Играчот од средниот ред сака да биде продаден, но во моментов се подготвува со тимот на турнејата на Далечниот Исток.

Фановите знаат што Пол дал за клубот досега и што може да направи. Секако, постои и мала група поддржувачи кои се противат на тоа. Но, досега Погба давал се за овој тим. Јас и играчите може да го потврдиме тоа. Тој никогаш не создавал проблеми. Ние сме благодарни за начинот на кој тој се претставува, изјави денеска Солшер од Шангај.

Стратегот не гледа проблем во релативно пасивното однесување на Јунајтед на пазарот на трансфери. Досега тимот се засили само од Арон Ван Бисака и Даниел Џејмс.

Воопшто не се грижам. Не можеме само да тргнеме по друг пат, кога ќе наидеме на пречка за нашата цел, објасни Норвежанецот, што укажува на тоа дека преговорите за играчите што тој ги сака засега не даваат резултати.

Сепак тој вели дека верува во играчите што ги имам во моментот.

Убеден сум дека ќе се справиме добро. Но, кога работиме на трансфер, тоа значи дека ние смепроцениле дека играчот за кој станува збор може да не направи посилни, додаде менаџерот.

Јунајтед ги освои сите три од неговите претходни контролни – против Перт Глори, Лидс и Интер. Утре, Англичаните ја завршуваат турнејата во Австралија и Азија со меч против Тотенхем во Шангај.