Сѐ е (по)лесно со Ибрахимовиќ: Златан го зацврсти Милан на врвот од Серија А (ВИДЕО)

Фудбалерите на Милан без поголемо проблеми триумфираа на гостувањето кај Каљари (2-0) во последниот меч од 18. коло до Серија, со што се вратија на врвот од табелата со 43 бодови, три повеќе во однос на градскиот ривал Интер.

Најзаслужен за победата беше ветеранот Златан Ибрахимовиќ, кој го постигна двата гола за „росонерите“. Првиот беше од пенал уште во седмата минута, кој беше направен токму врз Швеѓанецот, додека вториот беше во 52. минута, кога ветеранот беше побрз не само од противничката одбрана, туку и од ВАР-судиите, кои му ја проверуваа реализацијата.

Мала дамка на триумфот на Милан стави белгискиот интернационалец Алексис Селмејкерс, кој во само осум минути откако влезе во игра „собра“ два жолти картони, па мораше експресно да се пресели во соблекувалната. Тоа се случи во 74. минута, но домашниот тим ниту со играч повеќе не успеа да го загрози триумфот на одличниот тим предводен од Ибрахимовиќ.