Сити е шампион, но Јунајтед заработил повеќе од тв-правата во Премиерлигата

Манчестер јунајтед можеби заврши на второто место во Премиерлигата зад Манчестер сити, но се наоѓа на првото место според заработката од тв-правата.

„Црвените ѓаволи“ заработиле 149,77 милиони фунти, што е за 328.491 фунти повеќе од градскиот ривал. Ова се должи најмногу поради фактот што Манчестер јунајтед два натпревари повеќе бил прикажуван во Белика Британија во однос на Манчестер сити. 

Покрај Јунајтед по 28 пати биле прикажувани натпреварите и на Арсенал и Ливерпул. Вкупно премиерлигашките клубови сезонава добиле 2,42 милијарди фунти или 2,1 милион повеќе во однос на минатата година.

Најслабиот тим во сезоната ВБА, кој од следната натпреварувачка година ќе игра во Чемпионшип дивизијата, заработил 94,67 милиони фунти. Не случајно плеј-оф натпреварот за влез во Прермиерлигата, Англичаните го нарекуваат најскапиот натпревар во фудбалот.