Силва доби симболична казна поради напад на девојка

Познатиот шпански фудбалер Давид Силва е осуден за физички напад на една девојка на фестивал на Канарските острови. 

Легендата на Манчестер сити, кој сега настапува за Реал Сосиедад веднаш го призна делото. Од засега непознати причини тој силно ја турнал девојката на земја, по што таа се здобила со повреди. 

Бидејќи фудбалерот, кој досега во кариерата никогаш не бил дел од никаков скандал, ја призна видната немало судење, а Судот му одреди парична казна од 1.080 евра и 520 евра поради граѓанската тужба.