Сензација на сезоната: Аугсбург прв го урна големиот Баерн и тоа во – Минхен (ВИДЕО)
Хироки Ито го донесе шампионот во водство во 23. минута, по што сите очекуваа уште еден лесен триумф на Баварците. Но, така не мислеа гостите, кои за неколку минути во второто полувреме направија пресврт за кој долго ќе се зборува. Артур Чавес прво го изедначи резултатот, а Масенго шест минути подоцна го комплетира шокот. Баерн и покрај овој кикс е убедливо прв на табелата со 50 бодови, но Борусија Дортмунд сега има шанси да ја намали негатива на едноцифрена разлика.
Во останатите мечеви од програмата од 15.30 часот, Хајденхејм загуби дома од Лајпциг (0-3), Ајнтрахт беше поразен од Хофенхајм (1-3), Баер Леверкузен славеше минимално против Вердер (1-0), додека Мајнц беше подобар од Волфзбург (3-1).