Секој да му завиди: Заработува милиони во Бундес, а се вози со јавен превоз! (ФОТО)

Српскиот дефанзивец Невен Суботиќ е „уловен“ во градски превоз што наиде на големо воодушевување во јавноста.

Невен Суботиќ не дебитираше за новиот клуб Унион Берлин во мечот против Лајпциг, откако тренерот не му даде шанса за настап, па преседе на клупа.

Сепак во центарот на вниманието беше по натпреварот кога дома си замина со градски превоз. Имено, скапоцената машина ја замени со шипка, а фотофрафиите од тие моменти екпресно излегоа на социјалните мрежи.

Покрај тоа, тој разговарал и со останатите патници, меѓу кои биле и оние кои го препознале професионалниот фудбалер, кој е познат по својата скромност.