Саутемптон го шокираше Арсенал во ФА-купот! (ВИДЕО)

Арсенал доживеа ново непријатно изненадување, откако загуби во ФА-купот од Саутемптон со 0-1 на „Сент Мери“ стадионот.

Габриел во 24. минута си постигна автогол за предност на Саутемптон од 1-0, по што Арсенал во второто полувреме го диктираше темпото на теренот и се обидуваше да стигне до израмнување, но едноставно не успеаа во намерата.