„Сакав да го убијам Ибрахимовиќ, тргнав кон соблекувалната, но ме спречи Буфон“

На промоцијата на автобиографијата на Синиша Михајловиќ беа откриени многу непознати детали од кариерата на српскиот тренер и поранешен фудбалер.

Михајловиќ зборуваше за својата борба со леукемијата, а тука беа и голем број гости од светот на фудбалот. Еден од нив беше Златан Ибрахимовиќ, а Србинот откри една интересна ситуација.

„Играа Јувентус и Интер, а ние се скаравме. Тргнав кон соблекувалната на Јувентус, сакав да го убијам, но ме запре Буфон во последен момент. Потоа дојде во Интер и во него видов одличен човек, па станавме пријатели“, открива Михајловиќ.